Гутереш: Дипломатското решение во Украина нема алтернатива

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изразува загриженост поради континуираната ескалација на ситуацијата околу Украина и смета дека нема алтернатива за дипломатското решение, изјави официјалниот претставник на генералниот секретар Стефан Ѓујариќ.

-Генералниот секретар на ОН останува загрижен за ескалацијата што ја гледаме. Го поздравуваме дијалогот на различни нивоа, со различни организации. На пример, преговорите во Нормандискиот формат во Париз, со НАТО, со ОБСЕ. За генералниот секретар, дипломатското решение нема алтернатива. ОН повикуваат на итни чекори за деескалација на тензиите и дипломатскиот процес да продолжи во духот на меѓусебното почитување и конструктивно решавање на проблемите, го пренесе Ѓујариќ ставот на генералниот секретар на ОН.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година