Гугл побара од судот да му одобри да го објави бројот на упатени прашања од разунавачките служби

Од:

Гугл побара од специјалниот суд, што се занимава со истраги поврзани со националната безбедност, да му одобри да го објави бројот на молбите на разузнавачките служби за давање податоци, пренесоа светските агенции.

Ова барање на интернет гигантот се упатува во екот на полемиката, што се разгоре по откривањето на големината на американските разузнавачки програми на интернет и комуникациите за кои одговара овој суд, чие функционирање е тајно, забележаа француските медиуми.

Мајкрософт, Фејсбук и Епл пред извесно време објавија ограничена информација за бројот на барањата на разузнавачките служби, кои тие ги добиле според силата на спогодбата, што била склучена меѓу нив и американската влада, потсетуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

ЦИА го предупредила Бајден во 2022 година дека Русија може да употреби нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Поранешен службеник на ЦИА осуден на 40 години затвор

Горан Наумовски

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА сексуално злоставувал и дрогирал 20 жени

Горан Наумовски

ЦИА и МИ6: Не го потценувајте Путин, а со Кина развивајте добри односи

Предраг Петровиќ

Барнс: Путин е врвниот апостол на одмаздата, тој сè уште бара одмазда против Пригожин