Гугл планира да инвестира 740 милиони долари во Австралија

Од:

Американскиот софтверски гигант Гугл соопшти дека ќе инвестира милијарда австралиски долари (740 милиони долари) во Австралија во следните пет години, најавувајќи го проширувањето на капацитетот за обработка во облак (cloud computing) и соработка со научната заедница.

Парите ќе бидат искористени за изградба на центар за истражување, зголемување на капацитетот за обработка во облак и финансирање партнерства со локални организации, соопшти Гугл.

Инвестицијата во рамките на Иницијативата за дигитална иднина треба да отвори 6.000 работни места директно во Австралија, а ќе бидат поддржани вкупно 28.000 работни места.

– Австралија може да биде еден од лидерите во новиот светски бран на иновации и да ја искористи технологијата во обид да го подобри животот на граѓаните, да создаде работни места и да напредува, рече шефот на Гугл, Сундар Пичаи.

– Одлуката на Google ќе биде од голема корист за австралиските компании во закрепнувањето на економијата кое е пред нас, истакна австралискиот премиер Скот Морисон.

– Компанијата ќе инвестира во партнерства со локални организации, вклучително и Организацијата за научни и индустриски истражувања на Комонвелтот (CSIRO), рече Морисон.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ