Гугл се вклучи во помошта при потрагата по учесници и гледачи на Бостонскиот маратон, каде во две експлозии загинаа три лица и беа повредени над 140.
Страницата „Google Person Finder“ на адресата http://google.org/personfinder/2013-boston-explosions им овозможува на корисниците да го внесат името на бараниот човек или да соопштат информации за пронајдени луѓе.
Употребата на мобилни телефони беше прекината во регионот на Бостон. Претставник на полицијата соопшти дека мобилните услиги ќе бидат суспендирани за избегнување на евентуално далечинско активирање на други експлозивни направи.