Денешното лого на Гугл е во чест на Нилс Хенрик Давид Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата за структурата на атомот роден на 7 октомври 1885 година.
Познат е по своите трудови од областа на квантната теорија. Учествувал во научните истражувања што доведоа до производство на атомска бомба. Добитник е на Нобеловата награда за физика во 1922 година.