„Гугл“ ќе му угоди на Трамп, ќе го преименува Мексиканскиот Залив

Од:

„Гугл“ вчера објави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во „Заливот на Америка“ на „Гугл мапс“ откако администрацијата на Доналд Трамп ќе ги ажурира своите „официјални владини извори“. Компанијата објави и дека ќе почне да го користи името „Mount McKinley“ за планината на Алјаска која моментално се вика Денали, пренесува CNBC.

Минатата недела, претседателот Доналд Трамп потпиша прописи кои вклучуваат промена на името на официјалните карти и во официјалните комуникации на федерално ниво.

„Добивме неколку прашања за имињата во рамките на Google Maps“, се вели во објавата на социјалната мрежа X и се додава: „Нашата долгогодишна практика е да ги спроведуваме промените на имињата кога тие се ажурираат во официјални владини извори“.

„Гугл“ додаде дека името „Мексикански залив“ ќе остане прикажано за корисниците во Мексико, додека корисниците од другите земји ќе ги видат двете имиња. Трамп изјави дека ќе го врати името на поранешниот претседател Вилијам Мекинли на планината, велејќи дека Мекинли ја направил земјата „многу богата“ благодарение на тарифите и неговиот талент.

Планината се викаше Маунт Мекинли до 2015 година, кога администрацијата на претседателот Барак Обама го промени името во Денали како симболичен гест кон домородното население на Алјаска.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Трамп: Сè ќе цвета наскоро

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски

Трамп ги зголеми царините за Кина на 145 отсто

Горан Наумовски

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

ВИДЕО: Што ќе значи трговската војна на САД и Кина за светот