Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо изјави дека Владата на претседателот Николас Мадуро се обидува да префрли 1,2 милијарди долари од државната банка за развој Бандес во една финансиска организација во Уругвај.
Но, Гуаидо не изнесе докази за своето тврдење.
Тој упати и апел до уругвајските власти да не дозволат таква финансиска трансакција оти тоа е „крадење на јавните средства“.
Министерството за информации на Венецуела се уште не ги коментираше обвинувањата на Гуаидо.