Гуаидо без проблеми се врати во Венецуела

Од:

Лидерот на опозицијата и самопрогласен претседател на Венецуела, Хуан Гуиадо, без никакви проблеми се врати во земјата од ризичната меѓународна турнеја во рамките на која го посети и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

Гуаидо брзо мина низ безбедносниот пункт на аеродормот во Каракас, на враќање од турнејата чија цел беше да добие поширока поддршка за симнување од власта на актуелниот претеседател на Венецуела, Николас Мадуро.

Тој на напушти Венецуела кон средината на јануари, пркосејќи и на забраната за патување која му ја изрече Врховниот суд на земјата, потсетуваат американските медиуми.

Гуаидо во текот на турнејата се сретна со европските лидери, апелирајќи да продолжат со подршката на неговата кампања за соборување на Мадуро, што тој го гледа како начин земјата да излезе од кризата.

Тој, исто така, ги повика и граѓаните на Венецуела повторно да излезат на улиците за да ја изразат својата волја за смена на социјалистичката влада, која опозицијата ја нарекува „диктаторска“.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски