Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо испрати писмо до лидерите на државите од Г-7 во кое ги повика во Бијариц да разговараат за кризата во неговата земја, соопшти венецуелскиот Парламент.
– Во писмото, Хуан Гуаидо бара од Г-7 да „координираат заеднички активности за воведување санкции за сите оние кои ги кршат човековите права и да се стави крај на страдањата на венецуелскиот народ“, се наведува во соопштението на Комисијата за надворешни работи во Парламентот, контролиран од опозицијата.
Гуаидо го нарекува венецуелскиот претседател Николас Мадуро узурпатор поради, како што вели, лажните претседателски избори во 2018 година. Мадуро е поддржан од Русија, Кина и Куба. Политичката криза во Венецуела е проследена со рецесија, според ООН, на еден од четворица Венецуелци им е потребна итна хуманитарна помош, а инфлацијата, според Меѓународниот монетарен фонд, оваа година би можела да достигне 1 милион проценти