Грушко: Русија и НАТО имаат целосно различни ставови за борбата против ИД

Од:

Рускиот претставник во НАТО Александар Грушко денеска изјави дека Русија и НАТО имаат целосно различни ставови во борбата против терористичката група „Исламска држава“.

Грушко, исто како на вчерашниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, нагласи дека не гледа можност за соработка со НАТО по тоа прашање.

– Изненаден сум дека НАТО ниту објави дека е неопходно да се бори против тероризмот. Борбата против тероризмот е спомната само во повикот на Русија да игра поконструктивна улога во борбата против ИД, истакна Грушко на прес конференција во Москва, пренесува ТАСС.

Грушко нагласи дека Москва не гледа можност за соработка со НАТО во борбата против терористичката група ИД во Сирија.

– Со оглед на тоа дека НАТО официјално објави дека Алијансата не игра улога во Сирија и дека тоа е нејзин официјален став, тешко можеме да сметаме на можност за соработка со нив како организација и дека ќе биде зголемена билатералната интеракција со земјите од НАТО, истакна тој.

Грушко, сепак додаде дека контактите за Сирија исто така ќе бидат одржувани. – Подготвени сме на соработка со оглед на реалната ситуација во регионот, истакна тој.

Рускиот претставник во Алијансата нагласи дека НАТО продолжува со зајакнување на своето присуство во Источна Европа, додека е очигледно дека вистинските опасности по безбедноста доаѓаат од југ.

– Регистрирано е значително зголемување на бројот на разузнавачки летови долж границата, како и дека военото присуство на НАТО речиси е непрекинато во областа на Балтикот и Црното Море, истакна тој.

Грушко, исто така, додаде дека забележителен е зголемен број воени вежби во близина на руската граница, модернизација и создавање на нова инфраструктура на НАТО и разместување нова воена опрема во земјите на НАТО.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Синот на Мицкоски сам го платил патувањето во Вашингтон, Антикорупцска го затвори случајот

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска