Групата на претседателското мнозинство во француското собрание загуби 40 пратеници за три години

Од:

Групата на Републиката во движење (ЛРЕМ) партијат создадена од претседателот Емануел Макрон во Националното собрание го регистрираше 40-тото заминување од почетокот на мандатот. Пратеникот од Па-де-Кале Беноа Потери одлучи да и се приклучи на групата Ажир, која ги обединува десноцентристичките пратеници од мнозинството.

Пратеникот сепак сака да појасни дека „нема забелешки кон групата ЛРЕМ“. Тој исто така останува член на движењето. „Во мојот департман многу членови на движењето доаѓаат од социјалистичката партија, сакав да ја покажам мојата чувствителност кон десниот центар“, објаснува тој. Беноа Потери, исто така, посочува дека тој претпочита да работи во помала парламентарна група каде што „неговиот глас се слуша“ и каде што има „повеќе време да зборува“.

Поранешен шеф на претпријатие на кој ова му е прв политички мандат е – го предупреди Кристоф Кастанер, кој штотуку е избран за претседател на групата ЛРЕМ, дека останува во заедничката куќа. Од своја страна премиерот повика на изградба на парламентарна меѓугрупа во Палата Бурбон, која ќе ги обедини групите ЛРЕМ, МоДем и Ажир. Од пролетта, ЛРЕМ повеќе нема апсолутно мнозинство во Собранието.

Со најавените сенаторски избори на крајот на септември, претседателот Емануел Макрон ризикува да се најде во потешка ситуација со уште поголема опозиција во Горниот дом, со оглед дека на последните општински избори неговата партија не забележа успех. Имено на секторските избори гласат претставници на територијалните и локалните собранија и општински совети.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата