Групата „Билдерберг“ на средба во Швајцарија, главни теми Европа и климата

Од:

Групата Билдерберг, на чии состаноци секоја година се собираат познати личности од европски и северноамерикански политички и економски кругови, ќе одржат состанок во швајцарскиот град Монтре за да разговараат за голем број теми, вклучувајќи ја Европа и климата.

Меѓу учесниците оваа година се Џарен Кушнер зет и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, холандскиот премиер Марк Руте, германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаен, францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер, генералниот директор на Унеско – Одри Азуле, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер.

Околу 130 учесници од 23 држави потврдиле учество на 67-та средба Билдерберг што ќе се одржи од 30 мај до 2 јуни во Монтре.

На средбата ќе биде и холандскиот крал Вилем-Александар.

Од бизнис средините ќе бидат присутни шефот на француската корпорација Тотал, Патрик Пујане и директорот на банката Креди суис, Тиџејн Тиам.

Агендата на состанокот вклучува 11 теми, вклучувајќи ја и светската стабилност, иднината на Европа и брегзит, климатски промени, кибер-закани, Кина, Русија, иднината на капитализмот и вештачката интелигенција. Околу две третини од присутните се од Европа.

Би можело да ве интересира

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа