Група полицајци организираа бунт во Дарфур

Од:

Група судански полицајци вчера организираа бунт во Дарфур, јави агенцијата „СУНА“, што укажува на влошена безбедносна состојба во овој западен регион на Судан, во кој судирите траат од 2003 година.

Во извештајот на агенцијата се наведува дека една група на полицајци избегале од своите станици во главниот град на државата Западен Дарфул Ел Генеин, од која претходно украле четири службени возила, оружје и храна.

Полицајците потоа пукале во воздух и го напуштиле градот, а војската веднаш тргнала по нив. Во инцидентот за среќа нема жртви.

Војната во Дарфур изби пред 10 години, кога бунтовниците започнаа вооружена борба против централната влада, обвинувајќи дека го занемарува овој регион и ги маргинализира малцинствата кои што живеат во него.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска