Група од 400 до 500 мигранти го пробија кордонот на унгарската полиција на границата со Србија

Од:

Група од 400 до 500 мигранти го пробија и денеска кордонот на унгарската полиција, која се обиде да ги задржи во т.н. собиралиште на границата со Србија, во близина на селото Роске.

Групата мигранти, од кои некои ја минаа ноќта на тоа место, го пробија кордонот од полицајците од единицата за справување со немири, за да се обидат да стигнат до магистралата, која води до Будимпешта.

Во регионот на Роске, еден од главните пунктови за минување во Унгарија на мигрантите, кои бегаат од конфликтите на Блискиот Исток, се регистрирани вчера 2.529 новопристигнати мигранти, соопшти денеска унгарската полиција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година