Група на жртви објави список на „Дванаесетмината валкани“ кардинали

Од:

Група на жртви на злоупотребувања извршени од страна на свештени лица, објави список на „Дванаесетмината валкани“  кардинали, кои врз основа на нивниот став кон злоупотребувањата од страна на свештенството и коментарите со кои излегоа во јавноста на таа тема, би биле најлоши можни кандидати за папа, јави Си-Ен-Ен.

Од групата Мрежа на лицата, кои го преживеале злоупотребување на свештениците (Survivors’Network of those Abused by Priests – SNAP) изјавија дека својата листа ја составиле врз основа на медиумските извештаи, правните документи и изјавите на жртвите.

На списокот се најде и контраверзниот кардинал Тимоти Долан од Њујорк, чиј портпарол не сакаше да ја коментира црната листа. – Не сакам да одговарам на наводите на групата која нема никаков кредибилитет, изјави портпаролот Џизеф Звелинг.

За листата кометар даде и ватиканскиот портпарол Федерико Ломбарди. – Сметаме дека СНАП не е тој што одлучува за тоа кој ќе дојде на конклавата и кој ќе биде избран. Кардиналите сами ќе одлучат за тоа без да ја прашаат СНАП за совет, рече Ломбарди.

Освен Тимоти Долан на списокот се најдоа уште двајца Американци, Шон О’Мали од Бостон и Доналд Вуери од Вашингтон, потоа аргентинскиот кардинал Леонардо Сандри, Џорџ Пел од Австралија, Марк Квелет од Канада, Доминк Дука од Чешка, Петер Турксон од Гана, Оскар Родригез Марадиага од Хондурас, Тарцисио Бертоне и Анџело Скола од Италија и Норберто Ривера Карера од Мексико.

СНАП нагласува дека сите кардинали не се нашле на списокот поради затајување на случаите со сексуално злоупотребување на деца од страна на свештеници, туку има и такви кои на неа се ставени поради изјавите кои ги дале на таа тема.

Шестмина кардинали од оваа листа се најдоа и на списокот од 12 кардинали, кои имаат најмногу шанси за наследување на Престолот на Свети Петар (Долан, Сандри, Квелет, Турксон, Марадиага и Скола).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска