Група киргистански пратеници предложија отповикување на претседателот Женбеков

Од:

Група киргистански пратеници предложија отповикување на претседателот Соробаи Жeнбеков од функцијата.

Киргистанскиот пратеник од социјалистичката партија „Ата Мекен“, Кањибек Иманалиев за Тасс изјави дека повеќе од 40 пратеници вчера имале седница со новоизбраниот претседател на парламентот, Миктибек Абдилдаев, но за кворум биле потребни 60 пратеници.

Тој најави дека денеска може да се формира кворум со цел да продолжат разговорите за „постапката за избор на кандидат за нов премиер“.

Американските медиуми пренесуваат дека опозициските партии побараа смена на претседателот Соронбај Женбеков и формирање нова влада, додека група пратеници соопштија дека е сменет досегашниот премиер Кубатбет Боронов и на негово место е поставен Садир Запаров.

Неколку опозициски партии меѓутоа го одбија назначувањето на Запаров, па вчера се појави нов кандидат за премиер, младиот претприемач Тилек Токтогазиев.

Во меѓувреме, Запаров објави дека е легитимен премиер и дека веќе ги презел функциите на премиер, дека ги извршува редовните должности и се обидува да ја координира ситуацијата.

Поддржувачите на двајцата кандидати за премиер се собрани во центарот на Бишкек, а пратениците, во меѓувреме, најавија нова рунда разговори и апелираат за смирувањена страстите во земјата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Повторно судири на таџикистанско-киргистанската граница: Две лица убиени, 55 ранети

А1он

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска

Вооружен инцидент на киргистанско-таџикистанската граница

А1он