Група инвеститори бараат состанок со бразилски дипломати поради уништувањето на шумите во Амазон

Од:

Група инвестициски компании од целиот свет, што управуваат со средства во вредност од 3.700 милијарди долари бараат од бразилската Влада да го сопре брзото уништување на шумите во Амазон.

Инвеститорите испратија писмо до бразилските амбасади во седум земји, во кое бараат состанок изразувајќи загриженост за слабиот механизам на заштита на животната средина во Бразил.

Групата вклучува 29 инвестициски компании предводени од норвешка осигурителна компанија „Сторбренд Асет Менаџмент“. Меѓу 25-те европски компании што испратија барање се и норвешкиот „Нордеа Асет Менаџмент“ и пензискиот фонд на Англиската црква вреден 2.8 милијарди фунти.

Писмото го потпишаа и американски компании „Домини Импакт Инвестмент“ и „Пакс Ворлд Фандс“ и јапонска компанија „Сумитомо Митсуи Траст Асет Менаџмент“, додека „Фарм Капитал“ со седиште во Сао Паоло е единствената компанија од Бразил што го потпиша писмото.

– Големиот пораст на уништувањето на шумите во последниве години, во комбинација со извештаи за укинување на мерките на животната средина и човековите права и затворањето на државни агенции, создава широка неизвесноста во врска со условите за инвестирање и обезбедување на финансиски услуги на Бразил, пишува во писмото.

Претходните инцијативи извршија притисок врз компаниите, а најновата иницијатива е насочена кон бразилската Влада, истакна извршниот директор на „Сторбренд Асет Менаџмент“, Јан Ерик Саугестад.

Потписниците не наведуваат какви мерки планираат да преземат доколку бразилската Влада не ги задоволи нивните барања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск