Гроси: Нема воена опрема во украинските нуклеарни централи

Од:

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска во Европскиот парламент кажа дека нивните инспекции низ украинските нуклеарни централи покажале дека во нив нема воена опрема.

Гроси денеска ја даде изјавата само еден ден откако руската разузнавачка агенција ја обвини Украина дека крие западно оружје во нуклеарни постројки низ земјата, тврдење кое прво го демантираше висок украински функционер.

Гроси, пренесуваат британските медиуми, денеска кажа дека МААЕ воспоставила постојано присуство во нуклеарните постројки во Украина и наредила инспекции за да се утврди дали има воена опрема.

-Резултатите од тие проверки се негативни. Ова е втор пат МААЕ да ги отфрли обвинувањата за нелегални и многу опасни предмети што се чуваат во тие објекти, рече Гроси.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск