„Гринпис“ се соочува со банкрот, мора да плати казна од 660 милиони долари

Од:

Поротата во Северна Дакота, САД, утврди дека „Гринпис“ е одговорен за клевета и му наложи да плати повеќе од 660 милиони долари отштета на нафтена компанија за учеството на еколошката групација во еден од најголемите протести против фосилните горива.

Енерџи Трансфер со седиште во Тексас го обвини „Гринпис“ за прекршување, опструкција и граѓански заговор поврзан со гасоводот Дакота пристап пред речиси една деценија.

Во тужбата, поднесена до државниот суд, се наведува дека „Гринпис“ стои зад „незаконска и насилна шема за нанесување финансиска штета на „Енерџи Трансфер“, пишува Би-Би-Си.

„Гринпис“, кој ја објави својата жалба, минатиот месец рече дека случајот би можел да ја принуди на банкрот и да стави крај на повеќе од 50 години еколошки активизам.

Би можело да ве интересира

Штипски Бетон пред стечај, образование не кажува што ќе прави со незавршената зграда на ФИНКИ

Васко Маглешов

Стечајците во шатори ќе кампуваат пред Влада

Емир Латифовиќ