Грета Тунберг за насилството во израелски затвор: Ме клоцаа и ме нарекуваа „мала ку.ва“

Од:

Грета Тунберг и неколку други учесници во флотилата сега јавно зборуваат за првпат за нивните пет дена во израелско заробеништво – и како што велат тие, шведското Министерство за надворешни работи ги оставило без помош.

Истрагата на „Афтонбладет“ покажува дека Министерството ја намалило сериозноста на злоупотребата во своите соопштенија.

„Не сакам наслови за мене и тортурата“, рекла таа штом се вратила во Шведска, на прес-конференција во Сергелс Торг, заедно со други Швеѓани кои учествувале во големата меѓународна флотила Глобал Сумуд, која се обидела да достави хуманитарна помош во Газа.

Грета Тунберг раскажа какви биле деновите што ги поминала во израелско заробеништво откако учествувала во меѓународната хуманитарна флотила наменета за Газа. Таа нагласува дека ова не е приказна за неа, туку за Палестинците кои „секој ден минуваат низ многу полоши работи“.

„Кога излегов од бродот, полицијата чекаше. Ме зграпчија, ме соборија на земја и го фрлија израелското знаме врз мене“, вели Грета.

„Ме влечеа по бетонот, ме удираа, ме клоцаа. Секој пат кога знамето ќе ми го допреше лицето, викаа „Не го допирај знамето!“ и ме удираа во ребрата“.

Таа додава дека ѝ ја соблекле шапката, стапнале на неа и ѝ се потсмевале. „Викаа „мала ку.ва“ и „ку.ва Грета“ на шведски – ги научија тие зборови за да ме понижат.

„Ова не е приказна за мене, ниту за другите од флотилата. Во моментов, илјадници Палестинци – стотици деца – се држат во затвори без судење, а многу од нив речиси сигурно се мачени“, вели таа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп се истури на Грета Тунберг: Таа е луда, и треба лекар

ВИДЕО: Израелците упаднаа на бродовите со хуманитарна помош, дел од флотилата уште плови кон Газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимка од експлозијата на бродот од Флотата на Тунберг за Газа, Тунис демантира дека е дрон

(ВИДЕО) Грета Тунберг е депортирана од Израел

ВИДЕО: Израел им се закани на Грета Трунберг и на активистите кои се брод се приближуваат до Газа

Катерина Ѓуровски

Лажна Грета Тунберг разговарала со Заев, Забрчанец вели дека спречиле нов хибриден напад на кабинетот на премиерот

Маја Илиевска-Пачемска