Грета Тунберг се пошегува и со Путин

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин на Форумот за енергетика во Москва завчера, говорејќи за шведската активистка за заштита од климатските промени, Грета Тунберг, ја оцени како „фина и многу искрена девојка“ која не ги разбира комплексностите на современиот свет.

– Можеби ќе ве разочарам, но не ја делам вашата возбуда околу говорот на Грета Тунберг… Никој не ѝ објаснил дека современиот свет е посложен и поинаков. Луѓето во Африка или во некои азиски земји, на пр., сакаат да имаат услови како во Шведска, изјави Путин на форумот.

Тој, сепак, додаде дека децата кои се страсни борци за заштита на животната средина, треба да бидат поддржани од лидерите.

Слично како што тоа го стори и со претседателот на САД, Доналд Трамп, 16-годишната девојка одговори со промена на својата куса биографија на Твитер, вметнувајќи ги зборовите на Путин.

„Љубезен, но недоволно информиран тинејџер“, се вели сега во описот на Тунберг.

Со оваа саркастична шега, таа само ја зголеми популарноста кај своите обожаватели тинејџери.

Тунберг е номинирана за Нобеловата награда за своите заложби и дејност.

Би можело да ве интересира

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Медиуми: Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат во Москва на 9 мај

Горан Наумовски

Состанок меѓу Трамп и Путин ќе има само ако има реален напредок во преговорите за мир

Катерина Ѓуровски

Разузнавачите тврдат: Путин сака да ја контролира цела Украина

Трамп: Можна е средба со Путин овој месец