А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Гренланд му зададе удар на Трамп, потпиша договор за минерали со Европа

by А1он22/05/2025 - 20:31335
Share0

Гренланд одобри експлоатација на минерали за производство на алуминиум на данско-француски конзорциум. Дозволата за рударство ја издаде компанијата „Гренланд Анортозит Мајнинг“ (GAM), а ова доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп покажа интерес за купување на овој автономен остров, кој е дел од Кралството Данска.

Добивај вести на вибер

Компанијата GAM, поддржана од француската група Jean Boulle и инвестициски фондови од Данска и Гренланд, доби 30-годишна концесија, објави Ројтерс. Јеспер Вилаинг Цојтен, вонреден професор на Универзитетот Алборг во Данска, за „Њузвик“ изјави дека интересот на Трамп за ресурсите на Гренланд веројатно е насочен кон обезбедување долгорочни инвестиции, што е тешко според сегашните закони на Гренланд.

Гренланд е во центарот на меѓународното внимание откако Трамп изрази желба да го припои островот богат со минерали, нафта и гас кон САД. Министерката за минерални ресурси на Гренланд, Наја Натаниелсен, изјави дека американскиот интерес не резултирал со инвестиции и дека соработката со европските партнери напредува многу побрзо.

На компанијата „Гренланд Анортозит Мајнинг“ ѝ е издадена дозвола за ископ на анортозит, бела карпа богата со алуминиум и калциум. Компанијата планира да извезува кршен анортозит од Западен Гренланд за потребите на индустријата за фиберглас. Најавувајќи го издавањето на дозволата, министерот Натаниелсен нагласи дека целта е проектот да се развие во климатски пријателска алтернатива на бокситот за производство на алуминиум за авиони, возила и одбрана.

Таа додаде дека приватни американски бизнис делегации го посетиле Гренланд оваа година, но дека и покрај острите тонови од администрацијата на Трамп, не е започнат официјален дијалог со новата американска влада, ниту пак имало зголемување на инвестицискиот интерес. Таа истакна дека соработката со ЕУ и Данска тече многу полесно.

Професорот Цојтен повтори во интервју за „Њузвик“ дека интересот на Трамп е веројатно долгорочен и фокусиран на обезбедување пристап до минерални ресурси, наместо директно отворање рудници. Гренландските закони го отежнуваат таквиот пристап бидејќи дозволите за рударство се валидни привремено и бараат континуирани, скапи теренски активности за да останат валидни, пишува Newsweek.

„Доколку територијата на Гренланд беше регулирана според американскиот закон, инвеститорите би можеле едноставно да го купат земјиштето заедно со правата за користење на подземјето и да чекаат мразот да се стопи“, рече Цојтен.

grenlandtramp

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата нагло паднаа

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 09:47

(ВИДЕО) Трамп се заплетка со одговорот за училиштето во Иран: Не знам доволно

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 08:2410/03/2026 - 09:02

Војната во Иран брзо ги исцрпува американските залихи од напредно оружје

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 08:08

Ние го одредуваме крајот на војната – Револуционерната гарда му одговори на Трамп

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 07:51

(ВИДЕО) Трамп во неколку часа даде контрадикторни изјави за Иран: Војната и е заврешена и е на почеток

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 07:4310/03/2026 - 07:58

Трамп итно му се јавил на Путин

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 20:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен