„Грекзитот“ е се уште отворена опција за Германија

Од:

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска изјави дека еврозоната мора да ги почитува своите правила кои забрануваат кратење на националните долгови на членките.

Во интервју за германското национално радио, како што јави дописникот на МИА од Берлин, Шојбле изјави дека преговорите со Грција ќе дадат одговор дали новиот трет пакет помош е можен без разлика што грчкиот Парламент вчера ги усвои бараните закони што беа предуслов за почеток на преговори.

– Ќе ги започнеме преговорите и ќе ги направиме сите можни напори но мораме да ги почитуваме правилата затоа што Европа е создадена на база на демократски принципи и владеење на правото, изјави Шојбле за Дојчфунк радиото.

Германскиот министер се уште смета дека за Грција најдобра варијанта е привремен излез од еврозоната со цел да се стабилизира внатрешната финансиска состојба.

Според неговиот план, изнесен на последните преговори на членките на еврозоната, Грција би требало да излезе од еврозоната најмалку пет години, по што повторно ќе може да стане дел од неа откако ќе се стабилизира.

И покрај тоа што овој план официјално беше поддржан од германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот заменик и лидер на социјалдемократите, Зигмар Габриел, весникот „Ханделсблат“ денеска повикувајќи се на извори во Социјалдемократската партија на Германија (СПД) тврди дека вицеканцеларот воопшто не го видел планот на Шојбле.

Тоа предизвикало незадоволство во редовите на коалицискиот партнер на Меркел, СПД каде што голем број пратеници се противат на идејата за „Грекзит“.

Според весникот, сепак на средба одржана во петок, на која покрај Меркел, Шојбле и Габриел, присуствувал министерот за надворшени равоти Франк-Валтер Штајнмајер, двете најголеми партии се договориле дека Германија нема да дозволи кратење на грчкиот долг и дека ако Грција го побара тоа, тогаш сценариото за излез од еврозоната е реална опција.

Со тоа последните сигнали од Берлин укажуваат дека и покрај вчерашната одлука на грчкиот Парламент за прифаќање на острите мерки за штедење, нема гаранции дека Грција ќе ги добие бараните над 80 милијарди евра во наредните три години.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија