Греам: Рекордна количина оружје ќе и биде доставена на Украина

Од:

Американскиот сенатор Линдзи Греам, републиканец од Јужна Каролина, очекува рекордна количина оружје да биде доставена до Украина во наредните денови за да се поддржи нејзината одбрана од руската агресија.

Тој додаде дека наскоро доаѓа „пресвртна точка“ во конфликтот околу Украина, што, како што рече, е поврзано со наводно планираните испораки на дополнително западно оружје.

„Во наредните денови ќе видите рекорден прилив на оружје за да ѝ се помогне на Украина да се одбрани… Една од најголемите погрешни пресметки што ги направи Путин е да си игра со Трамп. И само погледнете, во наредните денови и недели ќе има огромен напор да се донесе Путин на преговарачка маса“, рече Греам во интервју за Си-Би-Ес.

Греам рече дека конфликтот се приближува кон пресвртница бидејќи Доналд Трамп покажува зголемен интерес за поддршка на Украина во нејзината борба против Русија.

Би можело да ве интересира

Вeнс: Завршувањето на војната во Украина е потешко отколку што мислеше Трамп

Украинците сè повеќе не му веруваат на својот претседател

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина

Москва: Без сеопфатен договор, нема крај на конфликтот