Грчки европратеник беше избркан од седница на ЕП

Од:

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц денеска во Стразбур на пленарната сесија го избрка европратеникот на десничарската грчка партија „Златна зора“, соопшти грчкото радио „Скај“, пренесува БТА. 

Повод за тоа беше говорењето на Елефтериос Синадинос, кој коментирајќи ја бегалската криза, ги опиша Турците како „валкани варвари“. 

Синадинос изјави дека „Турчинот е како куче, кое лае, но бега кога треба да се исправи пред непријателот“, и посочи дека единствен начин за справување со Турците е со „тупаница и решителност“. 

Поради неговите зборови, Шулц реши да го отстрани од пленарната сесија, што се случува првпат во Европскиот парламент, забележува „Скај“. 

Според претседателот на ЕП, зборовите на грчкиот европратеник претставуваат „бесрамно нарушување на човековите права“. 

Грчкиот европратеник ќе има можност подоцна да го искаже својот став, соопшти претседателот на ЕП.

Во минатото Шулц им даваше казни на европратениците за расистички изјави, потсетува ДПА.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска