Границата меѓу САД и Канада останува затворена до 21 јуни

Од:

Двете соседни држави се договорија нивната меѓусебна граница да остане затворена барем до 21 јуни за сите патувања што не се неопходни.

Сегашното продолжување на одлуката за затворање на границата истекува оваа недела, но двете влади го продолжија за уште 30 денови.

Канаѓаните стравуваат од повторно отворање на границата затоа што САД имаат најмногу смртни случаи од Ковид-19 во светот, иако имаат помалку „по глава на жител“ отколку некои други земји.

Неопходните здравствени работници, авионски екипажи и возачите на камиони се уште можат да ја преминат границата помеѓу САД и Канада, како и шпедитери, бидејќи повеќето увоз на храна во Канада доаѓа од САД или преку САД.

Заедничката американско-канадска граница е долга 8.891 километар и таа е најдолгата копнена граница на светот меѓу две држави.

Би можело да ве интересира

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада