Гранати паѓаат во Бахмут, украински командант: Ова е кланица

Од:

Руската артилерија изведува напади на патиштата кон Бахмут, со цел да стави крај на опкружувањето на овој град во источна Украина.

Ројтерс забележа интензивно руско гранатирање на патиштата што водат западно од Бахмут, за што рече дека е очигледен обид да се блокира пристапот на украинските сили до и од градот.

Украинските војници работеа на поправка на оштетените патишта, а повеќе војници се упатија кон линијата на фронтот, што е знак дека Украина се уште не е подготвена да се откаже од градот, наведува агенцијата.

На запад, Украинците ископаа нови ровови за одбранбени позиции.

Командантот на копнените сили на Украина, Олександр Сирски, вчера го посети Бахмут за да ги информира локалните команданти за тоа како да го зајакнат одбранбениот капацитет на силите на фронтот.

Денис Јарославски, командант на единицата на украинската армија во Бахмут, за ТВ Еспресо изјави дека на делови од одредени единици им било наредено да се преселат на побезбедни позиции, опишувајќи ја ситуацијата во петокот како колеж на двете страни.

Сопственикот на руската приватна армија на Вагнер, Евгениј Пригожин, претходно изјави дека градот е речиси целосно опколен и дека само еден пат е отворен за украинските војници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он