Минофрлачка граната, истрелана од сириска територија, падна денеска на Голанската Висорамнина, која е под контрола на Израел.
Нема жртви и предизвикана материјална штета. Израелските војници вршат расчистување на местото на експлозијата.
Според портпаролката на израелската армија, истрелот очигледно е поврзан со ситуацијата во Сирија и е резултат на судирите меѓусирискитe сили и вооружената опозиција.