Граѓаните на Русија или Белорусија кои живеат во Естонија ќе мора да го предадат целото оружје што го поседуваат

Од:

Граѓаните на Русија или Белорусија кои живеат во Естонија и поседуваат огнено оружје ќе добијат рок доброволно да го предадат или полицијата ќе ги конфискува поради безбедносна закана, изјави естонската премиерка Каја Калас.

Има околу 629 лица кои би биле засегнати со конфискацијата, наведе таа.

„Во секој случај, овој предлог-закон ќе го испратиме во парламентот за време на мандатот на актуелната влада. Веќе е договорено, а рокот е одреден. „Дефинитивно ќе им дадеме време на луѓето доброволно да го предадат оружјето, а по истекот на овој рок, на ред ќе дојде полицијата“, рече таа.

Запрашана дали очекува сопствениците на оружје доброволно да се усогласат, Калас рече дека и е „тешко да суди“.

Се надевам дека со оглед на сегашните околности, луѓето ќе разберат дека граѓаните на Русија и Белорусија со оружје во рацете се закана за безбедноста на Естонија.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари