Градскиот совет на Париз го отфрли проектот за изградбата на кулата „Триагoлник“

Од:

Советот на градот Париз со 83 гласови против и 78 за го отфрли проектот за изградбата на кулата „Триаголник“, но истовремено извршната власт на француската престолнина го оспори гласањето, јави дописникот на МИА од Париз.

Градоначалничката на Париз изјави дека „гласањето е неважечко“ под изговор дека претставниците на опозицијата ги покажале нивните гласачки ливчиња, со оглед дека гласањето беше тајно. Сега за гласањето ќе треба да се изјасни Управниот суд.

Првата противничка на проектот Натали Косциуско-Моризе не го криеше задоволсвото по денешното гласање, со што барем засега се запира реализацијата на проектот „Триаголник“.

„Триаголник“ е кула која е предвдиено да се гради на саемот во Париз (Парк д’експозисион). Кулата замислена од архитектите Жак Херцог и Пјер Мерон, треба да биде висока 180 метри, со 42 ката, наменета за деловен простор. Нејзината изградба требаше да започне во текот на оваа година и да биде завршена во 2016-2017 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм