Градоначалникот што гладуваше успеа да добие пари

Од:

Градоначалникот на малиот француски град Севран, Стефан Гатињон преку штрајк со глад успеа да изнуди поголеми субвенции од државата за градскиот буџет.

Штрајкот го почна минатиот петок пред зградата на Националното Собрание. За време на штрајкот тој успеа да го привлече вниманието на медиумите и на надлежните министри и парламентарци.

Штрајкот со глад Гатињон го прекина денеска откако успеа да постигне компромис со Владата, со што неговиот град доби субвенции од пет милиони евра годишно.

Француските пратеници во вторникот изгласа зголемување на субвенциите за урбан развој за 50 отсто кои се наменети за т.н. сиромашни општини, ова како одговор на штрајкот со глад на градоначлникот на Севран. Овој фонд е наменет за 100 најсиромашни општини во Франција со повеќе од 5.000 жители.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано