Градоначалникот на Москва изненаден од масовното одбивање на вакцинацијата

Од:

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин се пожали на исклучително високиот број на луѓе кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19.

Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против коронавирусот „Спутник В“ во август 2020 година, но скептицизмот во однос на вакцините е голем проблем во Москва и други руски градови.

„Продолжуваме да се разболуваме, луѓето продолжуваат да умираат, но тие не сакаат да се вакцинираат“, рече Собјанин во видео порака, објавена денеска.

„Процентот на вакцинирани во Москва е помал отколку во кој било друг европски град“, потенцира тој.

Собјанин рече дека Москва е првата престолнина во светот што започна масовна кампања за вакцинирање, но дека од околу 12 милиони жители, вакцинирани се само 1,3 милиони.

Во главниот град, вакцините направени во Русија се бесплатни за секој што сака да се вакцинира, со центри за вакцинација поставени на познати места, вклучувајќи трговски центри и паркови.

Би можело да ве интересира

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Падни пред нозете на Американците и капитулирај