Градоначалникот на Лондон: Нема да дозволиме терористи да го уништат нашиот начин на живот

Од:

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан се огласи во врска со терористичкиот напад извршен денеска во британскиот главен град, при што се избодени неколку луѓе од страна на непознат маж, кој потоа е убиен од полицијата.

– Напаѓачот е убиен од страна на полицијата во Стритхем по инцидентот, кој се третира како терористички. Се претпоставува дека неколку луѓе се избодени, нагласи Кан.

Тој истакна дека е во постојан контакт со претставници на локалната власт и изрази благодарност до полицијата за брзата реакција.

– Терористите сакаат да не раздвојат и да го уништат нашиот начин на живот. Овде, во Лондон тоа нема да им го дозволиме, заклучи лондонскиот градоначалник.

Би можело да ве интересира

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски