Градоначалникот на Херсон призна дека градот паднал, откри детали од разговорите со Русите

Од:

Руски војници се во Херсон и насилно влегле во зградата на градскиот совет, изјави градоначалникот на тој град.

Во објава на Фејсбук, напишана околу 22 часот вчера вечер, градоначалникот на Херсон, Игор Коликаев, рече: „Вооружени гости влегоа денеска во градскиот совет. Јас и мојот тим сме мирољубиви луѓе, немавме оружје и агресија од наша страна. Немаме украински вооружени сили, само цивили и луѓе кои сакаат да живеат овде!“

Снимките од надзорните камери вчера потврдија дека руски оклопни возила имало во градот, но не е јасно дали Русите го контролирале целиот град бидејќи украинските власти негираа дека градот е под руска контрола и дека борбите се уште траат.

Коликаев рече дека преговарал со напаѓачите.

„Ништо не им ветив. Едноставно немам што да ветам. Ме интересира само нормалниот живот на нашиот град! Само ги замолив да не пукаат во луѓе“, рече тој.

Прогласен е полициски час од 20 до 06 часот, а во градот се пропуштаат возила кои носат храна, лекови и други потреби. Градоначалникот рече дека јавниот превоз наскоро ќе биде пуштен во употреба.

Тој ги предупреди граѓаните да не се судираат со војската.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина