Градоначалникот на Херсон Игор Коликаев на Фејсбук побара помош од сите медиуми со цел да се воспостави „зелен коридор“ во градот преку кој би се евакуирале ранетите, да се изнесат загинатите и да се достават лекови и храна до градот.
– Внимание до сите медиуми – херсонски, регионални, украински, светски! Сите новинари кои ме познаваат, кои го сакаат Херсон, се грижат за неговата судбина, ве молам искористете ја моќта на својата четврта власт и помогнете ни да добиеме „зелен коридор“ за изнесување на повредените и мртвите, транспорт на лекови и храна до градот. Без сето тоа, градот ќе пропадне, напиша Коликаев на Фејсбук.
– Сметам на пријателското учество на новинарите и нивните врски не само со украинските, туку и со светските политичари. Помогнете му на Херсон да добие можност да го спаси својот народ од претстојна хуманитарна катастрофа!, нагласи Коликаев.
Извор: МИА