Градоначалникот на францускиот град Шамплан негира дека не одобрил погреб на ромско бебе

Од:

Градоначалникот на францускиот град Шамплан, Кристиан Леклер, ги отфрли тврдењата дека на едно ромско семејство не му го одобрил погребот на нивното бебе на градските гробишта, пренесоа американските медиуми.

– Сакам оваа маскарада да прекине, рече Леклер за француската телевизија.

Весникот „Паризиен“ вчера информира дека градоначалникот наводно кажал дека местата во општинските гробишта се само „за оние кои си ги плаќаат локалните даноци“.

За француската телевизија Леклер изјави дека меѓу градската администрација имало забувна во однос на неговите инструкции.

Градоначалникот на соседното гратче Вису, Ришар Тренкие, во меѓувреме предложи да му се даде гробно место на починатото бебе и тоа денеска ќе биде погребано на нивните гробишта.

Родителите на починатото бебе живеат во камп во Шамплан, јужно од Париз.

Двомесечното бебе починало по Божик како резултат на таканаречениот синдром на ненадејна детска смрт.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм