Градоначалници од 16 француски општини со поддршка за министерот Мануел Валс за политиката кон Ромите

Од:

Шеснаесет градоначалници од редовите на владеачката социјалистичка Социјалистичка партија, меѓу кои и поранешниот министер за внатрешни работи Даниел Вајан и градоначалникот на Лион, Жерар Коломб, му изразија поддршка на актуелниот министер за внатрешни работи на Франција, Мануел Валс, за акцијата што ја води во однос на Ромите и посебно кон дивите ромски населби, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Мануел Валс, со изјавата што ја даде минатиот вторник, предизвика полемика во редовите на владеачката коалиција, откако на неколку пати тврдеше дека Ромите немаат намера да се интегрираат во Франција.

Откако, според испитувањето на јавното мислење, ја доби и поддршката од огромното мнозинство Французи (над 90 отсто) тој ја доби поддршката и од 16 градоначалници од владиното мнозинство.

Градоначалниците во неделникот „Журнал ди динаш“ повикуваат на единство на левицата и на Социјалистичката партија за овие прашања, велејќи дека сакаат да „излезат од хипокризијата, што се состои од вербата, бидејќи е хуманистичка и дека левицата треба да ги остави нештата такви како што се“.

Градоначалниците оценуваат дека „човечки неприфатливо е да се дозволи илегалната инсталација на кампови на вратите или во срцата на градовите во кои живее население со ромско потекло.“ Поради овие причини и по одлуките на судовите, тие ја поддржуваат акцијата на министерот за внатрешни работи за демонтирање на ромските диви населеби, пренесувајќи ја очајноста на нивните сограѓани. Тие се на иста линија со Мануел Валс кога оценуваат дека „решенијата за интеграција“ можат да се однесуваат „само на неколку семејства“, и тие тврдат „дека иднината на ромската заедница е во нивната родна земја“.

Тие натаму се залагаат за зголемување на помошта на земјите и општините од каде доаѓаат овие Роми, пред се, од Романија.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата