Градоначалничка ловеше јастози, па од морето извади кокаин вреден милион долари

Од:

Градоначалничката на градот Тампа на Флорида, Џејн Кастор, ловеше јастог и риба со своето семејство недалеку од брегот кога извлече неочекуван улов: пакет со големина на микробранова печка со 70 килограми кокаин во вредност од 1,1 милион долари.

Семејството испловило кон пристаништето кога братот на Џејн забележал необичен пакет.

Пристапиле надевајќи се на добар риболов затоа што искусните риболовци знаат дека помалите риби се собираат под слични предмети што лебдат во морето бидејќи им создаваат сенка.

„Колку се приближувавме, толку појасно ми стануваше дека тоа е бала кокаин“, им изјави градоначалничката на новинарите.

Џејн Кастор осум години работела како службеничка во одделот за наркотици во полициската станица Тампа, а шест години била началничка на одделот, па веднаш знаела за што станува збор.

Откако ја однела балата на нејзиниот брод, таа го пријавила уловот во канцеларијата на шерифот на округот Монро. Агентите на американската гранична патрола набрзо пристигнале да ја преземат набавката. Потврдиле дека се работи за кокаин и го процениле на 1,1 милион долари.

Би можело да ве интересира

Пронајдени се седум тони кокаин закопани на имот во Шпанија

А1он

Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец

ВИДЕО: 46 килограми кокаин откриени во контејнер за банани во пристаништето во Солун

Катерина Ѓуровски

Европол: Откриен синџир на трговија со кокаин, запленети 5,8 тони дрога, уапсени 32 лица

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

Предраг Петровиќ