Војници од Нигер и Чад успеле да го ослободат нигерискиот град Дамасак од екстремистите на Боко Харам, пренесе „Асошиејтед прес“.
Според зборовите на портпаролот на нигериската војска Мишел Ледру во тешките борби во тек на ослободување на градот се убиени 228 екстремисти, а загинал и еден нигериски војник.
Илјадници војници од Нигер и Чад минатата недела започнаа копнена и воздушна офанзива против организацијата Боко Харам која под своја контрола држи големи делови во североисточните делови на Нигерија.
Е.Г.