Говорот на Трамп следен од 21,6 милиони Американци

Од:

Околу 21,6 милиони Американци го следеа говорот на претседателот Доналд Трамп на завршната вечера на Националната конвенција на Републиканците пред Белата куќа, што е помалку од бројот на гледачи на говорот на неговиот демократски противкандидат Џо Бајден, покажуваат првичните резултати на рејтинг агенцијата Нилсен.

Како што јави Си-Ен-Ен, тој број може да биде поголем кога ќе се соберат сите податоци, вклучувајќи го и бројот на гледачи кои го слушале говорот преку Интернет.

Говорот на поранешниот потпретседател Џо Бајден на Националната конвенција на демократите, кога ја прифати претседателската номинација на партијата, го следеа 24,6 милиони Американци.

И двата конвенции се се одржаа речиси виртуелно како резултат на пандемијата на коронавирусот.

Нилсен потсетува дека говорот на Трамп кога тој ја прифати претседателската номинација на Републиканците во 2016 година го следеа 32,2 милиони гледачи.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Трамп: Сè ќе цвета наскоро

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски

Трамп ги зголеми царините за Кина на 145 отсто

Горан Наумовски

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

ВИДЕО: Што ќе значи трговската војна на САД и Кина за светот