Google Nexus 4 за многу кратко време бил распродаден, и нема залихи од него.
Во последно време кружат претпоставки за тоа колку смартфони продале LG и Google, но сепак ќе треба да почекаме за официјални информации од LG бидејќи сега најверојатно ја користат секоја секунда за да произведат што повеќе телефони.
Според основната економија постојат само две причини зошто Google Nexus 4 е распродаден насекаде низ светот: Или LG има направено премалку телефони или побарувачката е превисока.
Според Andy Coughlin, директор на мобилниот оддел на LG во Велика Британија, проблемот е второто.
„Google Nexus 4 се покажа исклучително популарен, и како таков, трговците се соочија со огромна побарувачка. Исто така, во блиска соработка сме со Google со цел да се осигураме дека оние кои сакаат да купат мобилен телефон се во можност да го сторат тоа.”