Apple одлучи да ги одобри Google Maps откако наидоа на мал милион проблеми со своите мапи, па така, конечно може да ги инсталирате најпознатите мапи на iOS, пишува Ентер.
Знаеме сите дека Apple и Google се на воен „готовс“ и тоа константно – и со мапите и со патентите и буквално со се. Иако не толку одамна Apple одлучија да го исфрлат Google oд својот екосистем, и, како да се покааја за тоа, па им овозможија на Google повторно да се појават на iOS уредите. И, тоа како нативни апликации за корисниците!
Додека Apple ги решава своите проблеми со мапите, Google ја исфрли новата верзија на Мaps за iOS која прилично е изменета и далеку поедноставена.
Апликацијата е достапна за iOS уредите кои имаат 5.1 оперативен систем или понов, а исто така може да го користат и оние кои имаат iPod Touch од четвртата генерација. Апликацијата е достапна е во повеќе од 40-тина земји, но земјиве од регионов, вклучително и нашата не се на списокот, но доколку имате американска „фејк“ сметка, тогаш немате проблем со преземањето.
А не поминаа ни 8 часа од објавувањето Google Maps стана најпопуларна апликација на Apple App Store и доби рејтинг 4.5/5.