Големо мнозинство Французи се залагаат за исклучителни мерки против тероризмот

Од:

Седумдесет и шест отсто од Французите изјавиле дека е потребно да бидат изгласани „нови исклучителни мерки за да биде подобро гарантирана нивната безбедност, дури и по цена на ограничување на нивните слободи“, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење на Одокса за весникот Паризиен/Ожурдуи ан Франс и телевизијата И-Теле, јавува дописникот на МИА од Париз.

Од испитаните 38 отсто одговориле дека „целосно се согласуваат со ова“, 38 проценти „се согласуваат“, наспроти 24 отсто, кои не се согласуваат.

Симпатизерите на десницата се тие кои повеќе се залагаат за овие исклучителни-вонредни мерки, дури 84 отсто, додека и кај симпатизерите на левицата тој број е висок, дури 67 отсто.

Испитаните Французи се скептични околу „националното единство“ кое се става во прв план од мнозинството политичарите по атентатите, 89 отсто мислат дека ова национално единство нема да трае долго и дека набрзо ќе се вратат на нивните поделбии, наспроти 10 отсто кои сметаат дека настаните длабоко ќе го променат начинот на кој политичарите ја водат политиката.

Во однос на фактот дека по атентатите Французите масовно се собираа за да ги бранат републиканските вредности, 78 отсто од испитаните одговорија дека станува збор за едно моментално движење, поврзано до емоциите предизвикани од атентатите, наспроти 21 осто кои сметаат дека тоа е многу подлабока тенденција, која ќе продолжи и по атентатите.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата