Големите компании донираат милиони за Трамп

Од:

Американската филијала на јужнокорејската компанија „Хјундаи“, како и производителот на автомобили „Стелантис“ и авиокомпанијата Делта, објавија дека ќе донираат по еден милион долари во фондот за инаугурација на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп.

„Хјундаи“ соопшти дека ја поздравува можноста да работи со новата претседателска администрација во Вашингтон на чекорите „кои го поддржуваат американското производство, ги штитат синџирите на снабдување и поттикнуваат иновации“.

Потенцијалните тарифи и промените на субвенциите за електрични возила (ЕВ) што ги разгледува Трамп би можеле да имаат „драматично влијание“ врз производителите на автомобили, пишува Ројтерс.

Инаугуративниот фонд на Трамп ќе добие или веќе има добиено средства од други големи компании како Боинг, Џенерал Моторс, Форд, Мајкрософт, Амазон, Алфабет и Мета.

Во Соединетите Држави, победникот на претседателските избори назначува инаугуративен комитет кој ќе организира и финансира настани како што се инаугуративните церемонии и паради.

За разлика од директните придонеси во кампањата на кандидатот, нема ограничувања за тоа колку поединец или корпорација може да придонесе во инаугуративната комисија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина