Големи разлики во правата на хомосексуалците во ЕУ

Од:

Дојче веле – Бон

Европското здружение на лезбијки и гејови (ИЛГА), пред изборите за Европскиот парламент, ги објави податоците за правата на оваа популација. Јазот меѓу нивните права во земјите од истокот и западот на ЕУ е голем.

Рамноправноста на лезбијките, хомосексуалците, интерсексуалците или трансродовите лица е дефинирана во европските договори и Европската конвенција за човекови права. Во нив, дискриминацијата поради сексуалната ориентација е експлицитно забранета. Затоа, во сите 28 земји членки на ЕУ, животните услови за хомосексуалците и другите лица би требало да бидат исти. Но, тоа не е случај. Секоја година, на 13 мај, на Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата, европската асоцијација на лобисти за лезбијки и геј-лица во Европа (ИЛГА) објавува еден вид свидетелство за состојбата во земјите на ЕУ. Оваа година, податоците на здружението може да бидат водич за избори за Европскиот парламент две недели.

Зелените се најдобро оценети

Германското Здружение на лезбијки и гејови ја препорача либералната ФДП како партија што најмногу се залага за правата на хомосексуалците и трансексуалците. Следуваат СПД, зелените и левица. Одбиен е ЦДУ/ЦСУ. Здружението смета дека десничарската радикална Алтернатива за Германија е опасна бидејќи, на пример, не презема ништо против мобингот во училиштата и сака да ја исфрли од учебниците темата за сексуален идентитет. Изборите за Европскиот парламент се посебно важни со оглед на јакнењето на десничарските популисти во голем број држави на ЕУ, наведуваат од германското Здружение. „Станува збор за иднината на европската демократија, бидејќи европските основни вредности како што се почитување на човековите права, еднаквост и почитување на правната држава сè поотворено се доведуваат во прашање“, велат од Здружението.

Во досегашниот Европарламент, пратеничката група на зелените најмногу се залагаше за лезбијките, геј-лицата и трансексуалците. Ова произлегува од проценката што ја направила група од парламентарци од сите партии, а која се занимава со антидискриминација и која беше објавена во април. Најлошо оценети се десничарските популисти и ЕУ-скептиците.

Европа во боите на виножитото

Врз основа на рангирањето што за 2019 година го објави ИЛГА, забележана е следната слика:

– Постои груба поделба Запад – Исток. Повеќето земји каде што хомосексуалците можат, горе-долу, да живеат рамноправно со останатите се на Запад на Европа. Велика Британија, Белгија, Луксембург, Франција, Финска, Данска, Шведска, Португалија и Шпанија постигнаа највисок резултат на долгата листа законски одредби, од семејно право, борба против злосторства од омраза до физичко самоопределување.

– Во проценката на ИЛГА, Малта е најдобро рангирана, која исполнува 90 проценти од сите барања. Најлошо рангирани земји од ЕУ се Литванија и Полска со 17 и 18 отсто. За нијанса подобро пласирани од нив се Бугарија и Романија со 20, односно 21 отсто исполнети барања. И Италија со 22 проценти е изненадувачки лошо рангирана. Тоа првенствено може да се објасни со фактот дека Италија не познава посебни законски гаранции против дискриминација и хомосексуални бракови. Покрај тоа, постојат големи дупки во законот за правото на посвојување. Германија е на средината на листата затоа што нема посебен закон против говор на омраза и сексуално мотивирани злосторства, оценуваат во оваа група за лобирање.

– Севкупно, состојбата на лезбијките, геј-лицата и трансродовите лица во последниве години е подобрена, но исто така има и назадување, посочија од ова здружение за време на презентацијата на извештајот во Осло. Полска и Бугарија се полошо рангирани во споредба со претходниот период, бидејќи ги ограничуваат правата на овие групи. Унгарија е критикувана, бидејќи во меѓувреме се намалени основните права, како што се правото на собир и правото на здружување. Работата на ЛГБТИ-групите станува поопасна и понепредвидлива, велат од здружението.

– Законодавството во овие области во голема мера е во национална надлежност. ЕУ, на пример, не може да наложи дали една земја членка ќе понуди целосно право на хомосексуален брак, регистрирано партнерство или ништо од тоа. Постојат уште пет земји членки во кои ниту првото ниту второто сè уште не е можно: Литванија, Летонија, Полска, Словачка, Бугарија. Во Естонија и Чешка, регистрирано партнерство е можно со само мал број права.

– Земјите што досега не дозволувале хомосексуални бракови се принудени од Европскиот суд да ги признаат браковите од ист пол што биле склучени во други земји. Минатата година, тоа беше значајна пресуда против романските власти, со која се призна бракот на еден Романец со Американец. Бракот бил склучен во Белгија.

Апел на лобистите

Непосредно пред изборите за Европскиот парламент, директорката на Здружението ИЛГА за Европа, Евелин Парадис, рече дека сега е време за дејствување. Таа изјави дека минатата година веќе било предупредено на тоа дека не може да се седи со скрстени раце и да се верува дека работата ќе биде завршена.

– За жал, оваа година гледаме конкретни назадувања на политичко и правно ниво во голем број држави, рече Парадис.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on