Големи демонстрации во Лондон и Париз за поддршка на Палестинците во Газа

Од:

Големи демонстрации за поддршка на Палестинците во Појасот Газа денеска се оддржаа во Лондон и Париз.

Десетици илјади лица излегоа на улиците на британската престолнина и неколку илјади во француската, пренесоа француските медиуми.

Лондон е третата голема светска метропола во која се оддржуваат големи пропалестински демонстрации во последните четири недели. Во демонстрациите се вклучија десетици илјади лица, соопштија организаторите, антивоени и пропалестински организации.

Демонстрантите го осудија „масакрот“ во Газа и испораките на оружје за Израел.

Британски хуманитарни групи информираа дека за помалку од 24 часа собрале над 4,5 милиони фунти (5,6 милиони евра) за помош за жителите на енклавата.

Неколку илјади лица на демонстрациите во Париз ја осудија „израелската агресија“ во Појасот Газа и повикаа да се крене блокадата на палестинската територија. Протестот мина мирно за разлика од претходните митинзи за поддршка на жителите на енклавата.

Демонстрации за поддршка на Газа денеска се оддржаа и во други француски градови. Тие, меѓутоа, беа помали во споредба со претходните митинзи.

Три четвртини од Французите (74 проценти) се неутрални во сегашниот израелско-палестински конфликт, покажа истражувањето на институтот Ифоп, што ќе излезе во утрешниот број на весникот „Суд вест“.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации