Големи американски банки на Конгресот му предадоа документи за паричните трансакции на Трамп

Од:

Големи американски банки предадоа во американскиот Конгрес „илјадници страници документи поврзано со руски граѓани кои можеле да имаат деловни односи со Трамп, со негови роднини или компании“, јави денес „Волстрит Журнал“.

Весникот, повикувајќи се на свои извори, дознава дека станува збор за банките „Банк оф Америка“, „Ситигруп“, „Дојче банк“, „ЏејПи Мореган“ и „Велс Фарго“.

Две комисии на Претставничкиот дом, раководени од демократите, во април побараа од банките информација за паричните транскации на претседателот Доналд Трамп.

Раководителот на комисијата за разузнавање, Адам Шиф, изјави дека тој е заинтересиран за прашањето дали странски држави, вклучувајќи ја и Русија, се обиделе да влијаат врз Трамп, неговото семејство и тесниот круг на луѓе околу него.

Според „Њујорк Тајмс“, конгресмените, меѓу другото, побарале документи во однос на тоа дали се вршело перење на пари од Русија и од други земји во источна Европа.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски