Голема воена вежба на азербејџанската армија

Од:

Во Азербејџан почна голема воена вежба во која учестувуваат 10.000 војници, 500 тенкови и воена техника, 300 ракетни единици и 20 воени авиони.

Воената вежба е симулацијиа на напад над непријателска сила.

Воената вежба на азербејџанската армија предизвика остра реакција од соседна Ерменија. Портпаролката на ерменското Министерство за надворешни работи, Ана Нагдалјан изјави дека Ереван нема да разговара под притисок на оружје.

Воената вежба почна пред да биде прецизиран датумот за средба помеѓу премирот на Ерменија, Никол Пашињан и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

Азербејџан и Ерменија се во конфликт од 90-тите години на минатиот век поради спорната територија Нагорно Карабах. По жестоките судири помеѓу ерменските сепаратисти и азербејџанската армија постигнато е примирје во 1994 година. Со примирјето Нагорно Карабах остана на територијата на Азербејџан. Посредник во решавање на спорот со Нагорно Карабах е така наречената Минска група, составена од дипломати на Франција, на Русија и на САД, кои ја поздравија одлуката за средба помеѓу Пашињан и Алиев.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска