Голема потрага по хеликоптерот во кој се превезуваше Раиси

Од:

Иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди објави на својот Твитер профил и напиша дека спасувачките екипи се уште не стигнале на местото на инцидентот во планините – каде се случи несреќата со хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател.

Тој истакна и дека се работи за принудно слетување поради тешки временски услови – магла.

На интернет се појавија наводни сведоци кои всушност го виделе инцидентот.

Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси (63) грубо слетал, објави во неделата државната телевизија, додавајќи дека на местото на инцидентот биле испратени дури 16 спасувачки екипи.

Иранските медиуми пренесуваат контрадикторни информации за настанот, за кои се уште нема официјална потврда.

Раиси отпатува во иранската провинција Источен Азербејџан. Државната телевизија објави дека инцидентот се случил во близина на границата Џолфа, на околу 600 километри северозападно од Техеран. Спасувачите се обидувале да стигнат до местото на несреќата, но ги попречиле лошите временски услови – силен дожд и ветер.

Да потсетиме, има информации дека хеликоптерот наводно не бил на радарот цел час.

Би можело да ве интересира

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

Ким Јонг-ун испрати сочувство до Иран: Раиси беше извонреден државник и близок пријател

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси