Голема полициска акција против џихадистите на југот од Франција

Од:

Во градот Лунел, на триесетина километри од Монпеље на југот од Франција, во тек е голема полициска акција против џихадистите, јави дописникот на МИА од Париз.

Според информациите што ги објави регионалниот весник „Миди Либр“, операцијата предводена од елитните полициски сили Раид и ГИПН, започнала околу 6 часот и 30 минути во самиот центар на Лунел.

Извори блиски на истрагата, соопштија дека се упасени најмалку две лица осомничени за вмешаност во регрутирање на џихадисти. Според телевизијата БФМТВ, на осомничените веднаш им е одредена мерка притвор.

Од октомври 2014 година, шест жители на Лунел на возраст од 18 до 30 години загинаа во Сирија борејќи се на страната на џихадистите.

Според непотврдени информации, во Сирија се наоѓаат уште триесетина лица – мажи, жени и деца,  по потекло од овој град.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата